1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каква е структурата на европскиот буџет?

16 декември 2005

За што се расправаат впрочем шефовите на европските држави и влади денеска во Брисел?

https://p.dw.com/p/AeNE
На самитот во Брисел: Шисел, Барозо и Меркел
На самитот во Брисел: Шисел, Барозо и МеркелФотографија: AP

ЕУ не е никаков исклучок од правилото дека „парите го вртат светот„! На ова ниво таа е тешко подвижен колос, чиј животен сок доаѓа пред се‘ од уплаќањата на земјите членки. Овие финансиски инекции до крајот на 2006-та треба да изнесуваат максимално 1,24% од бруто националниот производ на секоја членка – така стои за пишано во Агендата 2000 што во 1999-та беше договорена во Берлин. Во моментов најмногум споредено со националниот производ, уплаќа Холандија, а во чекор ја следат Шведска и Германија. Овие три и другите т.н. нето плаќачи, значи земји кои повеќе уплатуваат отколку што користат од заедничката каса, по традиција се обидуваат и да извлечат што е можно повеќе од европските фондови. Од нив во моментов најголемиот дел средства, речиси половината од вкупно 850 милијарди, се слева во аграрните субвенции. Статистички гледано секој вработен во аграрот во земјите членки на Унијата половината од вкупните годишни приходи ја добива од европските каси. Овде далеку предничат француските земјоделци.

Покрај аграрните субвенции, важна ставка е и стрктурната помош за помалку развиените региони, каде пак најголем примател е Шпанија, а по неа и Германија поради источните покраини. 10-те нови членки од Средна и Источна Европа добиваат само една петина од вкупните средства за помош на неразвиените региони.