1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Каде е клучот за развојот на Африка?

29 јуни 2005

Во наредната недела во шкотскиот град Глениглс самит на седумте најразвиени индустриски држави и Русија на кој топ-тема е Африка. Оваа година треба да биде година на економски пораст на континентот. Тоа е мисијата на Г-8 содржана во документот „Акционен план за Африка„. Во планот учествува и Германија. Уши Ајд, одговорна за Г-8 во кабинетот на сојузниот канцелар деновие го претстави нејзиниот извештај за Аф

https://p.dw.com/p/AeOT

рика:

Каде се наоѓа клучот за развојот на Африка? Дали ќе се случи големиот бум на економскиот самит во наредната недела? Дали е се во финансиските средства како што бара британскиот премиер Тони Блер? Или многу повеќе одговорноста е во африканската политика и економија? Уши Ајд пред се ги нагласува автентичните африкански иницијативи кои соодветно треба да бидат наградени:

„Јас сум убедена дека канцеларот јасно ќе соопшти оти сојузната влада ќе го обнови партнерството со Африка, посебно со реформски настроените држави. Тоа значи и повеќе пари за оние што спроведуваат реформи, како што е предвидено во програмата НЕПАД„.

НЕПАД – ново партнерство за развојот на Африка, е иницијатива што ја донесе Африканската унија во 2001 година. Кога станува збор за поддршка, државите од Г-8 се ориентираат според тој план. На пример, Германија финансира центар за мировна обука во Гана и во Кенија. Таму ќе се обучуваат војници и цивили за мировни мисии во Западна и Источна Африка. Целта е да се засилат регионалните организации, вели Ајд. Според неа, само со зголемување на развојната помош не е направено ништо. На тоа се спротивставува британскиот премиер Тони Блер. Според негова замисла, меѓу 2010 и 2015 година треба да се удвои вкупниот волумен средства што сега се даваат за Африка:

„Доминантниот дискурс во дебатата за развојната политика покажува, а за тоа се залагаат британсиот министер за финансии и премиерот на оваа земја, дека е потребно многу брзо дуплирање на развојната помош и така бргу ќе ги решиме проблемите на Африка. Генерално тоа не може да се поддржи. Без силни институции, без добри капацитети, значи и професионализам, без стручњаци, дуплирањето на помошта во одделни сектори нема некоја посебна смисла. Секако дека сакаме да ги дуплираме парите. Но тоа претходно бара спроведување на реформи во одделни сектори„.

Од страна на африканските змеји реформи има. Многу често спомнуван позитивен пример е „африканскиот механизам за прегледност„ во кој африканските држави ги проценуваат доброто водење на владите или корупцијата:

„Пред 12 или 15 години никој не беше слушнал Африканците да критикуваат други Африканци, да не се зборува дека една земја се отвора и вели: дојдете овде и анализирајте какви грешки правиме. Ова е сосема нова активност на африканскиот континент. Германија ја поддржува, подеднакво како и земјите што се во таа иницијатива„.

За жал во неа се вклучени само 23 од вкупно 53 африкански држави. Најновите настани во Зимбабве каде што владата насилно ги урива населбите на сиромашните покажува дека во иницијативата се нема голема доверба. Висеман Н’Кулу, директор во НЕПАД орагнизацијата искажува жалење и вели:

„Африканскиот механизам не го потпишаа сите држави на Африка. Зимбабве се противеше и не сакаше да учествува во тој процес. Јужноафриканскиот претседател Табо Мбеки вложи многу напори во преговорите со претседателот на Зимбабве, но се беше залудно. Сега се надеваме на добри идеи и предлози од Запад„.