1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кабинет во сенка за Сирија

ЕМФ/ард/дпа12 ноември 2013

Најголемиот сириски опозиционен сојуз избра членови на влада во сенка за териториите под контрола на бунтовниците. На средбата во Истанбул се гласаше за деветмина министри, меѓу другото и за ресорите одбрана и финансии.

https://p.dw.com/p/1AFjM
Фотографија: Bulent Kilic/AFP/Getty Images

Министри во сенка за ресорите здравство, образование и внатрешни работи се‘ уште не се избрани, поради тоа што предложените кандидати не добија доволен број гласови на средбата на Националната сириска алијанса во Истанбул.

Преодната сириска влада, предводена од Ахмед Тома, треба да се грижи за териториите кои се под контрола на бунтовниците, но во дел од овие региони главен збор во меѓувреме имаат радикални исламисти. Тие не го признаваат авторитетот на опозициониот сојуз. Најмоќната бунтовничка група во Сирија не сака да учествува на конференцијата иницирана од страна на САД и Русија.

Krieg in Syrien Aleppo 20.10.2013
Во војната во Сирија досега загинаа повеќе од сто илјади луѓеФотографија: Reuters

Националната сириска алијанса вчера (11.11) се изјасни за учество на мировна конференција за Сирија во Женева, но под одредени услови. Меѓу другото, се бара запирање на воените дејства во Сирија и ослободување на политичките затвореници, како и создавање коридори за хуманитарна помош во окупираните региони. Освен тоа, се нагласува дека власта во Сирија треба да и‘ се предаде на преодна влада без Асад.