И Шпанците ќе штедат
13 мај 2010Државните трошоци на Шпанија треба да се намалат за најмалку шест милијарди евра. Платите на вработените во државната администрација наредниот месец ќе бидат намалени за пет проценти и ќе останат на тоа ниво и во наредните години. Освен тоа, уште во текот на оваа година ќе бидат укинати 13.000 работни места во државните институции.
Враќање на довербата во шпанската економија
Со овој пакет-мерки државниот дефицит до 2011 година треба да се намали за шест проценти. Шпанскиот премиер Хозе Луис Родригез Запатеро во парламентот во Мадрид истакна: „Мерките за штедење се потребни за да се намали дефицитот и да се поврати довербата во шпанското стопанство. Освен тоа, сакаме да придонесеме и за финансиската стабилност во еврозоната. Таа наложува намалување на државните трошоци за 15 милијарди евра во 2010 и 2011 година.“
Автор: ТТ/СН/дв
Редактор: Симе Недевски