И ФАРК на мировен курс
4 септември 2012Тие ќе седнат на преговарачка маса „без незадоволство и ароганција“, изјави шефот на герилската група Родриго Лондоно во видео порака. Според информациите, преговорите треба да почнат на почетокот на октомври во Норвешка, а потоа подоцна да продолжат на Куба. ФАРК е најстарата и најголема герилска група во Колумбија. Кон неа припаѓаат официјално околу 11 илјади борци, активни пред се‘ во граничните области кон Венецуела и Еквадор.
Колумбискиот претседател Хуан Маноло Сантос минатата недела официјално објави дека се водат сондирачки разговори со ФАРК заради наоѓање решение и завршување на вооружениот конфликт кој трае веќе 48 години. Тој меѓутоа, истовремено исклучи стопирање на воените акции против маркистичките бунтовници за време на контактите.
Во конфликтот меѓу колумбиската држава и бунтовниците на ФАРК досега загинаа околу 200 илјади луѓе.