1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И ракометарките ќе играат на ЕП во Србија

СН/АМ/макфакс18 јуни 2012

Србија ќе го организира и женското ракометно Европско првенство, што ќе се одржи од 4 до 16 декември 2012 година, откако Холандија се откажа од организацијата.

https://p.dw.com/p/15HBz
Фотографија: picture-alliance/Pixsell

Европката ракометна страница (ЕХФ) одлуката за доделување на организацијата на ЕП 2012 во женски ракомет на Србија ја објави на својата интернет страница.

Кандидатура имаше поднесено и Македонија, но и Хрватска, Данска, Исланд, Норвешка, Полска, Романија, Русија, Словачка и Шведска, па сепак се одлучи во соседна Србија, во декември годинава, да се игра и женскиот континентален шампионат.

Европскиот шампионат ќе се одржи во истите градови, како и машкиот, и тоа во Белград, Ниш, Вршац и Нови Сад. Најверојатно Македонија повторно ќе игра во Ниш.

Handball EM der Damen in Mazedonien
Фотографија: Petr Stojanovski

„Среќен сум што се враќаме во Србија, затоа што имавме одличен машки шампионат и очекувам и женскиот да биде исто така успешен. Имаше голем интерес од многу национални федерации за организација и тешко беше да се решиме кој да ја добие организацијата“, рече Тор Лиан.

Исланд влезе на ЕП на местото на Холандија, која откако се откажа од организацијата го загуби и автоматскиот пласман.

Македонија ќе ги добие противниците на ЕП во Србија во петок во 18 часот, на ждрепката во Монако.