И натаму вонредна состојба во Грузија
10 ноември 2007Реклама
Наспроти најновото попуштање на тензиите во Грузија, парламентот во Тбилиси сепак го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата до 22-и ноември. Со тоа и понатаму останува на сила забраната за демонстрирање, како и ограничувањето на известувањето на медиумите спроти предвремените претседателски избори на 5 јануари. САД најавија дека ќе испратат специјален пратеник во Грузија кој ќе протестира против ограничувањето на демократските права во земјата.