1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Мурго в езеро!

9 август 2010

Домашните миленци, особено кучињата, во Охрид се` почесто се капат на ист простор со луѓето. Останатите гости негодуваат, се плашат од зарази и бараат решавање на проблемот по светски терк.

https://p.dw.com/p/OcZn
Фотографија: DW

Зачести појавата на плажите во Охрид гостите да ги носат и своите домашни миленици, особено кучињата. Огромната љубов и приврзаност кон нив ја покажуваат на малку необичен и себичен начин. Без око да им трепне и без пардон среде плажа преполна деца и луѓе ги капат и своите кучиња. Магистер – доктор Јованка Стурлакова – Коровешоска од здравствен аспект предупредува:

„Кучињата можат да се инфицирани со крлежи, можат да се преносители на многу заразни болести, како на пример кучешката тенија. Секаде во светот има посебни плажи за лица со кучиња. Кај нас тоа го нема и од здравствен аспект тоа никако не е оправдано. “

Сопствениците на кучиња често нападни и дрски

Touristen fordern spezielle Hunde-Strände in Mazedonien
Доктор Јованка Стурлакова – КоровешоскаФотографија: DW

На зачестените реакции од останатите граѓани, културно или, пак, дрско, сопствениците одговараат дека нивните кучиња се редовно вакцинирани, дури и почисти од оние кои се плашат да не бидат заразени. Докотор Коровешоска предупредува дека без разлика што домашните миленици се носат на редовни ветеринарни прегледи, сепак не е исклучена можноста инфекцијата да биде пренесена од кучињата на луѓето.

Сум била по светот и сум видела како треба. Во Македонија се чини треба да се надополни законот за јавен ред и мир со одредби во слободното движење на домашните миленици во ист простор каде што може да дојде до загрозување на здравјето на граѓаните, потенцира Јасмина од Скопје која ја затекнавме на една охридска плажа: „Не знам колку е хигиенски. Има тука и бебиња. Мислам дека не е во ред. Милениците треба малку понастрана да ги капат. Разбирам дека сакаат да се грижат за нив и да ги носат на одмор, но не меѓу најмладите, сепак не е хигиенски.“

Во Охрид се` поретко примаат гости со домашни миленци

Не се проблем само плажите. И издавачите на станови имаат грижи. Затоа се` почесто ги избегнуваат лицата кои со себе на одмор ги понесуваат и домашните миленици, особено кучињата: „Ги пуштаат своите миленци да прават што сакаат по собата. Ги кинат ќебињата, пернците, чаршафите, вршат нужда на секое место, лаат и тоа нормално им пречи на останатите гости. Од таа причина избегнувам, односно не практикувам да издавам апартмани на лица со кучиња.“

Touristen fordern spezielle Hunde-Strände in Mazedonien
Музафер Рашит – МизоФотографија: DW

Кусиот разглед по охридските плажи покажува дека знаците за забрана на обележаниот простор да се капат и домашни миленици ги нема. Единствено тоа е добро решено пред хотелот „Мизо “ Сопственикот Музафер Рашит – Мизо ни рече: „Тоа се стандарди што се применуваат во цел свет. Можат да се примат со кафези. Кучињата не ми пречат во хотелот и во вилите. Што се однесува во капењето во вода, тоа стриктно е забрането и нема да дозволам.“

Охриѓани се свесни дека државата и локалната власт ќе мора да работат навидум на овој ситен проблем.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Трајче Тосев