И Македонците од Берлин го прославија Божик
7 јануари 2008"
Бадникот го поминавме по традициите и обичаите. Денес на Божик - на работа, мора да се работи” кажува една Македонка. Друга пак ја надополнува дека кај неа се славело со костенчиња, портокали, ореви... како во татковината.За еден нашинец, овој Божик беше посебен зашто првпат на гости од Штип му дошла фамилијата на неговиот брат.
Добра волја и радост имаше кај сите оние кои во свечена атмосфера, достоинствено и далеку од татковината го чествуваат празникот, кој една млада девојка го идентификува како ден на убавини, а си посака:здравје, среќа, љубов!
Еден од белезите на Бочик е и богата трпеза претежно дома, но и по покана на гости.Многу домакинки на трпеза имаа свинско и домашен месен леб. Но, некои Божик го споделија со пријателите, во кафеана. На пример во ресторанот “Македонија” на Божикна трпеза се собраа многу нашинци. Главно оние кои не беа на работа.
Подароците кои се карактеристика на славењето на Божик во Германија, Македонците не ги прифатија. Иако можеби деновиве многумина и од нив пазарат зашто има големи попусти, подароци за Божик главно нема. Но, со мали исклучоци - кај оние семејства каде една половина е венчана на пример за припадник на друга религија.Така една Македонка кажува дека за Божик има подароци за децата зашто тие се католици. Поточно се слават два Божика. За католичкиот како е редот со подароци, за православниот традиционално со Бадник, и како памети од родниот дом!