1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И Кина ја чувствува економската криза

12 март 2012

Економскиот раст на Кина забавува. Светскиот рекордер во извоз за февруари пријави рекорден трговски дефицит. Виновни се индустриските нации, кои се борат со високи долгови.

https://p.dw.com/p/14JM1
Фотографија: dapd

Намалувањето на побарувачката од Европа и САД го затемни билансот на светскиот првак во извоз. Во февруари надворешнотрговскиот дефицит на Кина достигна 31,5 милијарди долари, како што беше соопштено на викендот. Тоа е најлошиот месечен резултат во последните 20 години.

Увозот бележи раст од 39,6 проценти во однос на претходниот месец, додека извозот со зголемување од 18,4 насто е видливо под очекувањето на економистите. Аналитичарите меѓутоа укажуваат дека резултатите се должат и на календарот, зашто еднонеделните новогодишни празнувања годинава беа во јануари. Фирмите фо февруари го одработуваа заостанатото.

Кинеската економија е извозно ориентирана

Амбициозната држава сака долгорочно да постигне избалансирана трговија. Меѓутоа, конјунктурата се‘уште е силно повразана со извозот.

China Wirtschaft Bauboom in Taiyuan Hochhäuser
Фотографија: Reuters

„Не можеме да го игнорираме влијанието на надворешната побарувачка врз кинескиот развој“, истакна кинескиот премиер Вен Џиабао неодамна во владината изјава и најави освојување нови пазари во земјите во засилен стопански подем. ЕУ и САД со години се најважните пазари за кинеските производи.

Пекинг ја следи европската должничка криза и другите глобални фактори кои можат да му наштета на кинеското стопанство, изјави гувернерот на Централната банка, Жоу Ксиохуан. Тој гледа маневарски простор во олеснувањето при давањето кредити од банките за стимулирање на стопанството.

Автор: ЖА/БГ/дв/дпа

Редактор: Симе Недевски