1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И жените возат „Харли“, зарем не?

Кристијан Шлитер / Елизабета Милошевска Фиданоска6 септември 2012

Секој седми возач на моторцикл во Германија е - жена. Сега производителот „Харли Дејвидсон“ нуди обука за сигурност во возењето на нивните моторцикли само за жените.

https://p.dw.com/p/162UJ

Еднаш да се вози „Харли“ - тоа е сон на многумина мотоциклисти. Американскиот производител нуди обука за возење во Лудвигсхафен, а особеното на обуката е што таа е наменета само за жени. Повеќето од нив не возеле моторцикл подолго време. Дел од нив велат:

„Возачка добив на 18 години, а моторцикл возев речиси 20 години.“

„Последен пат возев Чопер пред 15 години.“

„...да, оттогаш не возам.“

„Немам свој Харли, но можам да си претставам дека можеби некогаш ќе купам.“

„Харли Дејвидсон“ има намера да им го олесни враќањето на моторцикл на жените кои некогаш возеле. Од пред една година вакви обуки има во цела Германија. Два дена курс чини 400 евра, вклучително теорија и пракса.

Еден „Харли“ тежи околу 300 килограми. Тренерот Томас Гертнер ја објаснува вистинската техника за жените да можат да се снајдат со тешките машини. На почеток - вежби за баланс. Се вежба со туркање.

„Овде сме за да ги поттикнеме способностите на девојчињата. Тие можат исто толку добро да се снаоѓаат со Харли како и мажите. Нашата цел е возење моторцикл со техника, не со сила“, објаснува Гертнер.

Open Road Tour Harley Davidson Motorrad Promotion Girls
„Харли“ не е само за мажи, зашто моторцикл се вози со техника, а не со силаФотографија: presse

Харли е навистина моќен. За вистински да можат да управуваат, жените вежбаат прво на полигон, а потоа излегуваат на улица.

„Да, чувството за машината, за моторциклот доаѓа. Бележам напредок и се чувствувам се‘ посигурна“, вели една од посетителките на курсот.

Слично е со сите десет жени на овој курс. Воведување во возење со слалом-паркур пред да се излезе на вистинска тура на регионалните патишта околу Лудвигсхафен.