И во ватерополо Македонија на квалификации за Лондон
3 февруари 2012Пo кошаркарската и ракометната машка репрезентација на Македонија и ватерполистите преку квалификации ќе се обидат да обезбедат пласман на Летните олимписки игри во Лондон.
Предолимпискиот турнир во ватерполо ќе се одржи од 1-ви до 8-ми април во Едмонтон, а извлекувањето на групите ќе биде на 19 февруари во Лондон. Македонија ќе биде рангирана во шестиот шешир.
Пласман на квалификациите од неодамна завршеното Европско првенство во Ајндховен, од Европа изборија репрезентациите на Црна Гора, Германија, Грција, Шпанија и Романија. На квалификациите ќе учествуваат уште: Канада (домаќин), Бразил и Куба од Пан Американските игри и Кина и Јапонија од Азиските игри. Место на квалификациите добија и Холандија и Македонија по отказот на други репрезентации.
На олимписките квалификации ќе настапат 12 репрезентации, а пласман на Олимписките игри во Лондон ќе изборат четирите првопласирани.
Автор:СН/БГ/миа
Редактор: Е.М.Фиданоска