Ишингер-посредник на ЕУ во новите преговори за Косово?
28 јули 2007Реклама
Германскиот амбасадор во Лондон Волфганг Ишингер најверојатно ќе биде претставник на ЕУ во посреднчкиот тим составен од тројката САД, Русија , ЕУ во натамошните преговори за статусот на Косово – објавува денеска весникот Зидојче Цајтунг. Германското министерство за надворешни работи не сакаше да ги коментира пишувањата во весникот . Инаку Ишингер се смета за експерт за Балканот . Тој од 1995-та година додека ја извршуваше функцијата политички директор во министерствто за надворешни работи , учествуваше на преговорите во Дејтон со кои беше окончана војната во Босна и Херцеговина. За време на косовската војна тој беше државен секретар во министерството со кое тогаш раководеше Јошка Фишер.