1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија: Сенатот ѝ изгласа доверба на владата на Ренци

ЖА/дв/дпа/афп/ртре25 февруари 2014

Новиот италијански премиер Матео Ренци помина важна етапа: сенаторите во Парламентот по жестока дебата го поддржаа неговиот радикален реформски курс. Сега претстои гласање во Претставничкиот дом.

https://p.dw.com/p/1BEnt
Фотографија: Reuters

Сенатот на Италија ноќеска ја поддржа владата на новиот италијански премиер Матео Ренци, која има за цел да постигне „радикална и итна промена“ во земјата. „За“ Владата се изјаснија 169 сенатори, а 139 гласаа „против“, соопшти по гласањето претседателот на Сенатот, Пјетро Грасо.

„Иднината на Италија не е да плаче од утро до мрак или пак да биде на опашката во Европа. Италија сака да стане место на можности“, изјави Ренци во речиси двочасовниот говор кој во поголемиот дел бип импровизиран. Ренци експлицитно се определи за европски курс, имајќи го во предвид и фактот што земјата во втората половина од годинава ќе претседава со ЕУ-претседателството.

На сите мора да им биде јасно дека ЕУ не е лошата маштеа на Италија, истакна Ренци како одговор на оние кои за актуелните економски тешкотии на Италија одговорноста ја лоцираат во мерките за штедење наложени од ЕУ.

Демократот Ренци има мало, но стабилно мнозинство во Сенатот. Во Претставничкиот дом, каде гласањето ќе се одржи вечерва, не се очекуваат изненадувања, затоа што Демократската партија има големо мнозинство.

За да ги изврши своите ветени реформи Ренци ќе се потпира на министерот за економија Пјер Карло Падоан, поранешниот главен економист на Организацијата за економска соработка и развој.