Италија, протести по убиството на навивачот на Лацио
12 ноември 2007Реклама
Убиството на еден фудбалски навивач во Италија предизвика жестоки судири меѓу полицијата и фудбалските фанови. Властите соопштија дека околу 200 лица во Рим ја нападнале полицијата и уништиле повеќе објекти и автомобили. Се јавува и за повеќе повредени во судирите кои се случиле и пред градскиот стадион. Серијата протести се случија откако еден навивач на Лацио беше застрелан од полицаец за време на судир со навивачи на Јувенсту на еден паркин во регионот Тоскана. Властите зборуваат за трагична грешка на полицаецот, кој сакал да испука предупредувачки куршум.