1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија и Хрватска - заеднички кон поголем пораст

Ф.Цан/ А.Трајковска24 јули 2013

Во соседна Италија со радост се очекуваше пристапот на Хрватска во ЕУ. Имено, со укинувањето на царинските граници, регионот повторно економски ќе биде потесно поврзан.

https://p.dw.com/p/1925R
Фотографија: picture-alliance/dpa

Таму се' уште се вее знамето на триколорите! Пристанишното гратче Милје е единствената испостава на Рим на полуостровот Истра. На некогашната хегемонијална власт на Италија, на оваа страна на Јадранот потсетува само уште венецијанскиот лав.

Милје е слично на пристанишните градови на Истра и во Далмација - и покрај границите и политичката поделба од речиси еден век.

На другата страна на заливот се наоѓа пристаништето на Трст - веќе сега втор по големина центар за претовар на стоки во Италија!

Меѓутоа, овие товарни вагони одат во правец на Германија, не кон Хрватска или соседните земји. Со пристапот на Хрватска во Европската унија се надеваат на нов стопански пораст.

Triest - Großbild
ТрстФотографија: PA/dpa

 Франческо Паризи е транспортен претприемач од Трст, кој смета: „Итно ни е неопходна подобра инфраструктура за да го поврземе целиот регионот, овде на северот на Јадранот. Тоа значи: пред се' побрзи железнички врски, сега кога паднаа и последните граници. Мрежата на шините кон исток е целосно застарена“.

Семејството на Франческо Паризи се занимава со транспорт повеќе од 200 години. Кога започнаа, Трст беше место за претовар за цела Југоисточна Европа. Денес возот за Риека, оддалечена 75 километри, патува по обиколен пат и му се потребни 13 часа - неприфатливо за италијанските претприемачи, но и за нивните хрватски колеги.

Дамир Мурковиќ, претседател на Хрватската заедница во Трст се' уште добро се сеќава на времето, кога Трст беше шопинг-рај за 20 милиони Југословени. „Тие доаѓаа масовно и за Трст тоа беше едноставен бизнис. Тогашните Југословени, во нивните славни времиња, тука си го исполнуваа сонот: купуваа неколку пара џинс, одеа на пица или само пиеја кафе и си ја уживаа слободата. Тие времиња одамна се минато!“

Сега Хрватите се тие кои повторно привлекуваат странски инвеститори - за што Италијанците понекогаш и завидуваат. Во Трст високите даноци и бирократскиот државен апарат ги одвраќаат вложувачите.

Од друга страна, Хрватска е се' попривлечна за Италијанците, каде можат по ниски цени да најдат куќи на локации од соништата. Вивијана Пуиса продава викендички во соседна Истра. Оваа Италијанка се надева на добар бизнис!

Hafen in Rovinj - Istrien - Kroatien
РовињФотографија: Illuscope

„Порано, ние како Италијанци неможевме да купуваме куќи во Хрватска, тоа одеше само преку посредници - хрватски граѓани или агенции за недвижности. Овие пречки сега се конечно урнати. Со пристапот во ЕУ веќе нема пречки“.

Во секојдневието Хрватите и Италијанците се зближија

Трст и неговата околина - тие овде отсекогаш си припаѓале заедно. Се' до Втората светска војна Италијанците и Хрватите живееја во иста земја: мирно - додека не вмаршираа Хитлер и Мусолини.

Кон крајот на војната југословенските партизани убија многумина Италијанци, ги турнаа - како овде во Базовица - во бездни меѓу карпите. Официјално помирување до денес нема.

Но, во секојдневието Италијанците и Хрватите одамна повторно се зближија. Џорџо Берчиќ живее во Риека, а работи во Трст. Тој има 1500 пациенти: Хрвати и Италијанци. За него пристапот на Хрватска во ЕУ требаше одамна да се случи.

„Не верувам дека сега повеќе луѓе ќе се селат од една земја во друга. Поважно е што насекаде може да се работи без компликации, да се прави само една даночна пријава и да се добие медицински третман“, вели Берчиќ.

Од еден италијански пациент лекарот доби на подарок слика, уметничко дело за разбирање меѓу народите!

Во Трст Италијанците и Хрватите го поздравија први јули, кога регионот повторно направи чекор поблиску до централна Европа.