1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија драстично ќе штеди

5 декември 2011

Со обемна програма за штедење италијанскиот премиер Марио Монти до 2014 година сака да заштеди 20 милијарди евра. Пакетот содржи покачување на даноците, мерки против даночни затајувања и реформа на пензискиот систем.

https://p.dw.com/p/13Mqv
Фотографија: picture alliance/dpa

Новата италијанска влада ги усвои мерките за штедење. Доцна во ноќта Марио Монти излезе пред новинарите во Рим - за јавноста уште еднаш да ја подготви за програмата за штедење. „Никогаш нема да молам за жртви, само затоа што Европа го сака тоа. Од мене исто така никогаш нема да чуете, дека и‘ ја префрлам вината на Европа, што мора да ги спроведеме овие непопуларни чекори“, изјави Монти.

Меѓу мерките за штедење очигледно се вбројуваат: зголемување на данокот за недвижнини, како и воведување данок за луксузни стоки. Освен ова, Монти во иднина има намера да преземе поостри санкции против затајување данок. Пензиите треба да бидат скратени, но и примањата на политичарите.

Притоа, Монти сака да даде добар пример и да се откаже од дел од својата плата. Програмата, меѓутоа, не предвидува само штедење, туку и инструменти, кои повторно треба да ја заживеат економијата.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот

Автор: Сиг/ Трајковска

Редактор: Е.М. Фиданоска