Италија-Втор светски шампион во фудбал
17 февруари 2006Година 1934. националсоцијалистите се само една година на власт во германија. Почина претседателот на германскиот Рајх, Паул фон Хинденбург. Извонреден успех во кината , постигнува оперетатат „ Ди лустиге витве“ или „Весела вдовица“ на Ернс Лубич. Популарен во тоа време беше музичарот Паул Дорн , кој пееше:
„ За германската репрезентација , сонцето ќе огрее во Италија“
По откажувањето од првото светско фудбалско првенство во 1930-та година , Германците за првпат се појавуваат на еден голем меѓународен турнир, на кој учествуваат вкупно 16 екипи.
Светскиот првак од 1930 година , Уругвај, го откажува учеството . Латиноамериканците беа лути , затоа што некои од најдобрите европски репрезентации пред четири години одбија да патуваат во Монтевидео. Уште пред почетокот на првенството , Германците ги стекнуваат првите искуства со нацистичкиот режим- особено со раководителот на спортскиот погон , Чамер фон Остен. Тогашниот голман Ханс Јакоб, кој почина во 1994-та , на 85 години, раскажуваше за очекувањата на нацистите:
„ Репрезентацијата мораше да пее победнички нацистички песни. Седевме за на маса и гледавме глупаво. Тогаш на нашиот капитен му рековме : Фриц ние нема да пееме. Кажи му го тоа на професорот Нерц. По тренингот и потењето моравме уште и да маршираме . Фриц тоа му го пренесува на професорот Нерц . Потоа доаѓа до дискусија со челниците во спортот. По еден час , самиот Фирер нареди играчите да бидат ослободени од тој ритуал“.
Играчите на германската репрезентација беа стационирани во близина на езерото Комо , кај Верона.
„ На езерото Комо беше прекрасно. Не трениравме постојано туку излегувавме , шетавме се возевме по езерото. Беше феноменално“ – раскажуваше Јакоб.
Сепак се играше и фудбал и тоа многу успешно. Бо првото коло Германија ја победи Белгија со 5 спрема два . Следуваше победа над Шведска и пораз во полуфиналето против Чехословачка .
Во меѓувреме фудбалот во Германија станува спорт број еден. За светското првенство владее големо интересирање.
Меѓутоа телевизија сеуште не постоеше , а ниту радиото не беше толку распространето. Љубителите на фудбалот , мораа да ги чекаат весниците и со ден задоцнување да дознаат како играла нивната репрезентација . Тоа важеше и за натпреварот за третото место , на кој Австрија беше голем фаворит. Младата екипа на Германија поведе со 3:1 , но противникот од слободен удар намали на 3 спрема 2. Ханс Јакоб , кој на тој натпревар по прв и последен пат беше на голот на тоа првенство , случувањата на теренот ги опишува на следниов начин:
„ Тогаш браќата пред мене прават жив ѕид. А јас никогаш не го сакав тој жив ѕид. Сакав да го гледам играчот додека зема залет и шутира. Тие сепак го прават живиот ѕид и скокаат. А противникот шутира ниска топка. Кога ја здогледав , топката веќе мина низ моите нозе. На крајот сепак го сочувавме водството од 3:2 по што следуваше големо славје“
Наградата за третото место во Италија за германските фудбалери , беше позлатена банкнота од 20 марки . Телеграма испрати и претставникот за спорт Чамер:
„ Преку радиото ја следев херојската борба на моите фудбалски другари. Исполнет со задоволство и гордост ви честитам на освоеното трето место. Не се излажав . Германија е горда на вас“
Многу погорделив меѓутоа беше Бенито Мусолини , бидејќи Италија во финалето таа 1934 година ја совлада Чехословачка со 2:1 . Прашање е меѓутоа дали Италијанците воопшто би успеале во тоа ако не беше помошта од судиите . Во полуфиналето судијата на пример им поништи два регуларни гола на Шпанците , а не досуди ниту два чисти пенали . Во финалето беше исто, бидејќи судијата од Шведска ја толерирапе многу грубата игра на Италијанците .
На тој начин Италија стана прв фудбалски шампион на светот од Европа.