1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италија - бројот на жртви во земјотресот достигна 16 луѓе

БГ/миа/афп30 мај 2012

Граѓаните во погодениот регион ноќта ја минаа под отворено небо. Експертите не исклучуват нови потреси.

https://p.dw.com/p/154GL
Фотографија: Reuters

Бројот на жртвите во земјотресот кој вчера го погоди североисточниот дел на Италија се искачи на 16 луѓе, а повеќе од 350 се повредени. Уште едно лице се води како исчезнато, соопштија властите. Околу 14 илјади луѓе останале без своите домови, кои се урнаа во вториот по ред поголем потрес во овој дел на Италија. Поголемиот дел од граѓаните ноќта ја минаа во своите автомобили или под отворено небо.

Спасувачки тимови се уште работат на расчистување на урнатини, јавуваат италијански медиуми.

Erdbeben Italien
Се трага по едно исчезнато лицеФотографија: dapd

„Последиците од земјотресот ќе бидат долготрајни и не можеме да исклучиме дека ќе дојде до посилни потреси“, изјави Стефано Греста, директор на Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Во изминатите десет дена регистрирани се најмалку 800 послаби потреси во тој регион. Последен пат земјотрес со интензитет од 6,3 степени по Рихтер го разурна градот Аквила во централна Италија во 2009-та година, при што загинаа околу 300 луѓе.