1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италијанците штедат на патувања

Јирген Шнајдер/ Зоран Јордановски16 август 2012

Италија стенка под товарот на финансиската криза. Многумина Италијанци ова лето остануваат дома. Пари нема, а никој не знае колку ситуацијата натамошно ќе се заострува. Туристичката бранша ѕвони за тревога.

https://p.dw.com/p/15mB6
Фотографија: picture-alliance/dpa

Плажата на Остија. Овде и во кризни времиња е полно со луѓе, оти главниот град Рим е во близина. За Римјани е евтин излет на плажа. Од избувнувањето на кризата Италијанците ги напушти желбата за големи патувања. За најголемиот дел од нив тоа едноставно е прескапо.

„За среќа, живеам во Остија, па можам одморот да го поминам овде. Во моментов нема шанса да патувам некаде“, вели еден Италијанец.

„Најголем дел од моите пријатели годинава воопшто не патуваат на годишен одмор, туку остануваат во Рим, оти сите ја чувствуваме кризава“, дополнува друг.

Прометот во туристичката бранша во Италија летово опадна за речиси една четвртина. Тоа е најголем пад во историјата на туризмот во Италија, оти ни странските туристи не можат да го компензират отсуството на домашните, се жали здружението на хотелиерите.

„Се’ повеќе и повеќе луѓе прават само викенд-одмор, два-три дена и се враќаат. Тие сакаат да заштедат пари. Тоа е, се разбира, последица на кризата“, објаснува Пјеро Гнуди, министер за туризам во Италија.

Владата во Рим веќе е соочена со првите повици за помош за оваа бранша, која со песимизам гледа и на остатокот од сезоната.