1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италијанската полиција уапси четворица шефови на Коза Ностра

5 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C2sL

Италијанските власти уапсија четворица шефови на сицилијанската мафија кои се наоѓаат на списокот со 30 најбарани криминалци во земјата. Како што соопшти полицијата, меѓу уапсените е и Салваторе Ло Пиколо, еден од наследниците на поранешниот кум на Коза Ностра Бернардо Провенцано, кој беше уапсен пред една година. Четворицата, меѓу кои е и синот на Ло Пиќоло биле уапсени за време на една средба во Палермо.