1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Италијанската влада ги заостри мерките на штедење

7 септември 2011

Владата на италијанскиот премиер Силвио Берлускони, по критиките од страна на Европската централна банка и повеќе евро-земји, ги заостри мерките за штедење. Европската комисија ги поздрави намерите на владата во Рим.

https://p.dw.com/p/12UBo
Илјадници Италијанци протестираа против мерките за штедењеФотографија: dapd

Данокот на додадена вредност во Италија е зголемен на 21% и воведен е дополнителен данок од три проценти за лицата што заработуваат повеќе од 500.000 евра годишно. Освен тоа, владата најави дека во Уставот ќе внесе дозволена граница на задолжување. Премиерот Берлускони има намера да го поврзе гласањето за пакетот мерки за штедење со гласање за доверба, за мерките да ја минат парламентарната процедура што побрзо. Сенатот би требало денеска да се изјасни за законот.

Десетици илјади Италијанци вчера излегоа на протести против мерките за штедење. Демонстрации имаше во повеќе од 100 градови. Генералниот штрајк што траеше осум часа ја парализираше земјата. Не функционираше сообраќајот, штрајкуваа вработените во болниците, поштите, банките. Демонстрантите во Рим ги нарекоа мерките за штедење неправедни и неодговорни, затоа што ги погаѓаат пред се‘ вработените во јавниот сектор.

Автор: ЕМФ/ЖА/дв

Редактор: Симе Недевски