1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исчекор на ПЕН: печатење на буквар на македонски во Грција

Милчо Јовановски18 септември 2006

Во светото постои реална опасност од влијаниетот на англискиот јазик, се дебатираше на деветтата охридска ПЕН конференција. На неа се зборуваше и за потребата за почитување на јазиците.

https://p.dw.com/p/AdcG
Охрид
ОхридФотографија: dpa

Културната, духовната и јазичната разновидност мора да е негува. Само така нема да се изгубат колоритот и различностите кои треба да спојуваат, а не обратно. Основната тема на конференцијата, духовниот простор на писателот, предизвика интересни дискусии и беше продолжение од претходната охридска средба на поетите, есеистите и новелистите. Таму се дискутираше за писателот во и вон татковината.

Денеска светот е глобално село, но и покрај се’ писателот може да го долови местото и луѓето и да го пренесе нивниот духовен простор врз читеталот смета Џоан Лидом Акерман, генерален секретар на меѓунарониот ПЕН „Преку 144 центри во 101 земја ширум светот членовите на ПЕН живеат и работат во сите региони на планетата, им припаѓаат на различни стории, географии, раси, религии и култури, но имаат единствен духовне простор, создаден да ги промовира хуманите вредности“ рече Акерман. Во тој контекст се оддржа и состанокот за јазични права и превод на кој учесниците изнесоа интересни согледување за потребата од почитувањето на другиот.

Македонците не го забораваат грубото кршење на тоа право, кога јазикот во одделни делови на Балканот бил и сеуште е забрануван. Оттука и толарантниот однос кон јазиците на другите етникуми дури и најавата и за донесување на законот за јазиците во Македонија, рече д-р Снежана Веновска Антевска од Институтот за македонски јазик. „Сеуште за жал имаме малку поинаква состојба. Секако не онаа состојба што била во 19 век или почетокот на 20 век во македонскиот јазик во определени региони, на овие простори бил и забрануван и воопшто не станувало збор ниту за можност за употрба дури и во домашна комуникација. Сега во денешни услови, постапно, работите навистина полека но одат кон некој позитивни насоки.“

Голем исчекор на ПЕН конференцијата со печатењето на првиот буквар на македонски во Грција најави Павле Филипос Воскополус од здружението „Виножито“ „До крајот на месецот ќе биде за првпат испечатен, веќе е во печатнициата, буквар на македонски јазик. Тоа во суштина е иницијатива не само за Виножито туку и на Европскиот комитет за помалку употребуваните јазици со седиште во Брисел, како и од Грчкиот комитет на истата организиација што ја претставува во Грција. Сметам дека оваа наша иницијатива на некој начин ќе и помогне на грчката влада, да настапи похрабро, кога станува збор признавањето на македонскиот јазик во Грција како и на другите јазици. Овој буквар би требало да се печати, не од нас, туку од Министерстовото за образование на Грција и полека да се вклучи во образовниот систем.“

За состојбата на македонскиот наспрема другите јазици во матичната и земјите од опкружувањето д-р Јулнуз Пасос со став

„ Можам за жал да констатирам дека татковината македонски јазик исчезнува и тоа се однесува на соседните држави, онаму каде се наоѓаат делови од македонската земја. За Егејска Македонија, за Пиринска Македонија, за деловите на македонската земја во Република Албанија и во Република Србија. Македонија неможе да биде монојазична заедница, значи неможе само македонскиот да биде единствениот јазик, но неможе да биде ниту билингвална, тоа значи само македонскиот и албанскиот јазик. Во Македонија постои цело богатство на културни и јазчни заедници. “

Лингвистите, социолозите и другите научници, мулти - дисциплинарно и натаму ќе ги разгледуваат прашањата околу јазичната политка се со цел да се избегне опасноста од мајоризација.