Истрага по нападот во Истанбул
10 јули 2008Реклама
При престрелка пред американскиот конзулат во турската метропола Истанбул убиени се шест лица. Меѓу убиените се тројца полицајци и тројца од напаѓачите, кои ја почнаа вчерашната престрелка со безбедносните сили. Полицијата не исклучува дека станува збор за терористички чин на членови на Ал Каеда. Еден од вкупно четворицата атентатори е во бегство.