Истрагата за хиликоптерската несреќа продолжува
16 јануари 2008Остатоците од армискиот хиликоптер ќе се испитувааат во странство, а надвор од Македонија ќе се преслушуваат и црните кутии. Истрагата за несреќата се спроведува во најстрога тајност, но според неофицијалните информации армискиот транспортер имал проблем со висинометарот. Транскриптите од разговорите меѓу контролорот и пилотот покажуваат дека леталото неможело да го држи курсот по кој било водено од контролната кула.
Последниот контакт е во 12 часот и 23 минути кога од хиликоптерот било побарано да го одложи слетувањето за да му даде предност на патничкиот авион што истовремено стигнувал од Цирих. Потоа се губи врската со армискиот хиликоптер по што е дадена тревога. Началникот на армискиот Генералштаб Мирослав Стојановски сеуште не соопшува детали од истрагата, но познато е дека таа е проширена и во делот што се однесува на БиХ односно проверување на сите стандардни процедури во армијата.
За да се отстранат шпекулациите за можна диверзија, опција која ја пласираа некои странски мнедиуми, во истагата ќе бидат вклучени и вештаци од странство.
11те војници кои загинаа во хиликоптерската несреќа во саботата беа погребани вчера со највисоки државни и воени почести.