1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Источноевропејците не брзаат на работа во Германија

26 декември 2011

Надежите дека годинава во Германија ќе има наплив на работници од Источна Европа не се остварија - дојдоа само 55.000. При изборот, за многумина Германија е само втора, или трета опција.

https://p.dw.com/p/13ZNL
Фотографија: picture alliance/dpa

По укинувањето на бариерите за работа во Германија за уште осум источноевропски земји, од мај досега на работа дошле само 55.000 луѓе. „Тоа е многу помалку отколку што стравувавме и значително помалку од она што навистина ни‘ е потребно“, резимира шефот на Сојузната агенција за труд, Франк-Јирген Вајзе.

За недоволниот интерес има три главни причини. Прво, за иселениците се поатрактивни земји кои одамна им нуделе можност да работат таму, така што другите држави се во предност. „Искуството вели дека луѓето одат онаму каде има нивни сонародници“, вели Вајзе во разговор за агенцијата ДПА.

Frank-Jürgen Weise
Франк-Јирген ВајзеФотографија: AP

„Од другастрана, германскиот јазик е голема пречка. Таа е пречка за многу Шпанци да дојдат во Германија на работа“, вели Вајзе. „И трето, тоа е културата на пречек.“ Наивно е да се верува дека на оглас распишан ширум Европа автоматски ќе се јават многу работници од странство.

„Тие се прашуваат - дали ќе се чувствувам добро во Германија, што е со мојот партнер, дали тој таму смее да работи? Што е со децата, има ли меѓународно училиште? Дали работодавачот се грижи да се вклопам во средината?“

Diskussion um Fachkräftemangel und Öffnung des Arbeitsmarkts für Osteuropa
Работна сила од странство е потребна, иако, како што оценува Вајзе, недостигот треба да се покрива пред се‘ со домашниот потенцијалФотографија: picture-alliance/dpa

Во овој поглед, според Вајзе, општеството и економијата се‘ уште имаат дефицити, иако политиката има направено голем напредок.

Работна сила од странство е потребна, иако, како што оценува Вајзе, недостигот треба да се покрива пред се‘ со домашниот потенцијал. „Највисок приоритет е да се вработат невработените“, вели тој. Јазот што се јавува меѓу критериумите што се бараат за определено работно место и образованието на кандидатите, треба да се надмине со дополнително образование.

Само ако побарувачката за работници на овој начин не се покрие, може да се бараат работници во странство, и тоа прво во државите кои се најблиски, вели првиот човек на германската Агенција за труд.

Автор: ЕМФ/дпа

Редактор: Б. Георгиевски