1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Историска средба

28 мај 2007

Денеска, по дваесети седумгодишна пауза за првпат средба меѓу високи американски и ирански претставници. Состанокот меѓу американскиот и иранскиот амбасадор, Рајан Крокер и Хасан Каземи, се одржува во палатата на прмиерот Нури Ал Малики.

https://p.dw.com/p/AnyF
Ќе има ли помирување?
Ќе има ли помирување?Фотографија: AP Graphics

Од средбата не треба да се очекува многу.Според американски извори ќе се разговара само за актуелната ситуација во Ирак, а не и за спорната иранска атомска програма или евентуално обновување на билатералните односи. Крокер ќе побара од иранскиот колега да престанат да ги финансираат и помагаат шиитските екстремисти во Иран. Атмосферата е се уште исполнета со доза на недоверба меѓу двете страни. Само два дена пред средбата иранските власти соопштија дека на југозападот од земјата откриле и разбиле неколку шпионски мрежи организирани од САД. Вашингтон возврати со воена вежба во заливот.

Но, сепак оваа средба има голема симоболика. Меѓу САД и Иран веќе 27 години се прекинати дипломатските односи. Причина е киднапирањето на 52 американски граѓани од американската абасада во Техеран во ноември 1979 година, кратко по исламската револуција. Беа ослободени по 444 дена по ветувањето од Вашингтон дека нема да се мешаат во внатре иранските работи. Од тогаш двете земји речиси и да не испуштаат шанса да ги заоструваат спротивностите. Техеран ги означи САд како “најголемата сатана”, а за владата во Вашингтон, Иран е дел од “Оската на злото”. Без разлика на исходот, сепак денешната средба во Багдад означува промена на американската политика на претседателот Буш кој категорично ја застапуваше тезата за некомуникација со Техеран.