1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истече ултиматумот за заложниците

30 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BNUZ

Два часа по истекот на ултиматумот кој го поставија талибанците сеуште нема информации за судбината на 22 јужнокорејски државјани кои се нивни заложници во Авганистан. Бунтовниците бараат од властите во Кабул да го исполнат барањето за ослободување од затвор на нивните соборци и се заканија дека ќе убијат еден или повеќе од заложниците, доколку тоа не биде сторено до утрово. Сеуште се водат преговори за ослободување и на германскиот инженер кој е заложник на непозната група во Авганистан. Според информациите тој бил во добра состојба. Од вчера во Келн во тек е обдукцијата на вториот германски

државјанин кој беше застрелан од киднаперите во Авганистан. Агенциите предмалку јавија за напад на талибанците врз агенција за обезбедување во кој загинале десет лица.