1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истекува ултиматумот за Иран

31 август 2006

Во атомскиот спор со Иран, денеска истекува ултиматумот на Советот за безбедност за запирање на збогатувањето ураниум.

https://p.dw.com/p/Ac3e
Иранскиот претседател Ахмадинеџад не попушта
Иранскиот претседател Ахмадинеџад не попуштаФотографија: AP

Иранската влада веќе соопшти дека нема намера да попушти. Некои членки на Советот за безбедност најавија можност за воведување дипломатски и економски санкции, но не и воени. Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, кој е на турнеја по Блискиот исток, во главниот град на Јордан, Аман, изјави дека нема веднаш да се посегне по такви мерки, туку ќе се причека групата од шест нации да направи обид за разговор со иранските власти:

„Знам дека има напори за организирање средба меѓу Иран и другите шестмина уграчи. Иако рокот минува, јас не мислам дека Советот за безбедност веднаш ќе дејствува. Ќе бидам во контакт за да ги видам намерите на шесте земји„.

Во меѓувреме, во Иран се реагира опуштено и без страв од можни санкции.