1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Испораката на оружје за сириските бунтовници ја подели ЕУ

АТ/ дпа/ афп27 мај 2013

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат околу можната испорака на оружје за сириските бунтовници. Темата со месеци ја дели Унијата. Времето притиска оти на 1. јуни истекуваат сите ЕУ- санкции против Сирија.

https://p.dw.com/p/18eNV
Фотографија: Miguel Medina/AFP/Getty Images

Спорот околу можната испорака на оружје за бунтовниците во Сирија е главна тема на средбата на министрите за надворешни работи денеска во Брисел. Времето притиска оти на 1. јуни истекуваат досегашните санкции против Сирија.

Во моментов во ЕУ во сила е ембаргото за испорака на оружје. Тоа важи како за режимот на претседателот Башар ел Асад, така и за бунтовниците и може да биде продолжено само едногласно. Но, пред се' Велика Британија бара да се дозволи испорака на оружје за бунтовниците. Повеќето други ЕУ - држави го отфрлаат ова. Тие стравуваат дека на тој начин би можело да биде поттикната граѓанската војна во Сирија.

Според проценките на ЕУ - дипломатите, целосно е нејасно дали министрите ќе најдат компромис за продолжување на санкциите за Сирија и како тие би можеле да изгледаат.

Владата во Дамаск сега очигледно е подготвена да учествува на меѓународната конференција за Сирија во Женева. Ова го најави министерот за надворешни работи Валид Муалем при посетата на ирачкиот главен град Багдад.