1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исмаил Кадаре за Косово и регионот

28 јануари 2005

Исмаил Кадаре денес е најпознат албански писател. Тој живее во Париз,во емирација, но пишува на албански јазик и неговите книги се преведуваат и објавуват на сите светски јаѕици. Кадаре е и политички ангажирана личност. Се почитуваат неговите изјави за ситуацијата на Балканот, особено за Косово и неговата независност. Мимоза Кељменди разговараше со познатиот албански писател, кој за Дојче веле ги искаж

https://p.dw.com/p/AeUz
Од Тирана Исмаил кадаре своевремено емигрирал во Париз
Од Тирана Исмаил кадаре своевремено емигрирал во ПаризФотографија: DW

ува своите ставови за развојот на регионот.

,, Еден од најголемите проблеми на Албанците е игнорирањето на она што е лошо. Лошото е подигнато на ниво на општо, така што јавноста тапо реагира,, одговара Кадаре на прашањето зошто јавноста и медиумите се незаинтересирани за пробемите на корупција во Косово и Албанија.

,, Во тоталитарнте режими игнорирањето на негативните поими секогаш било лицемерие. Сите секогаш знаат дека се лаже од утро до мрак, дека лажат од политичарите, медиумите, па и самиот народ. Тоа во диктатурите е типична игра. За жал и демократиите знаат за такви игри. И кога станува збор за демократија, работите се превртуваат. Тоа е многу лошо за народот. Но сега е дојдено до нулта точка. Треба да им се спротивставиме на негатвностите. Не е точно дека во модерните времиња нема морал. Таквата пропанда не е само на Балканот, туку и на Западот. Тоа е опасно. Ние сме соочени со корупција, а таа ја загрозува безбедноста на државите,, вели Кадаре.

Кој е виновен за таквиот развој на настаните?

,, Многу фактори, кои доаѓаат споро. Нивниот збир води кон морална пропаст. Во Албанија, за жал, има малку одговорност, а истото важи и за Косово. Честопати се предвидува она што е суштинско. Секогаш постои организирано, планско влијание на мислењето, во Албанија и на Косово. Би рекол дека во последно време на Косово има обиди за заладување на односите меѓу Косово и Западот. Во структурите на владата има луѓе на кои тоа м одговара.

Кој е во тие кругови? - гласи следнот прашање за познатиот албански писател Кадаре.

,, Такви луѓе има на Косово, но и надвор од него. Тие се поврзани. Секако дека во Србија преовладува расположие на покраината да се гледа малку постудено, дека Косово ја губи својата голема шанса да ги ужива симпатиите од Западот. Целта е Косово да ги изгуби своите врски. Србија е активна и тоа преку нејзините луѓе на Косово. А кои се тие луѓе? Тоа се, дозволете ми една фраза, тоа се Албанци кои не се при свест и кои се продадени. Тие се дел од јавното мнение, политиката, дел од косовската мафија. Маркс рече : комунистите немаат татковина. Денеска, пак, може да се каже- мафијашите немаат татковина. Српските, црногорските и албанските мафијашки структури бескрупулозно работат заедно. И од таа гледна точка сосема се модерни. Им се допаѓа таа соработка. Затоа и не се заинтересирани за приближување на Коово кон западот. Истото важи и за Албанија. Разликата е во тоа што во Албанија станува збор за стари комунисти и затоа што комунизмот им е во гените, и затоа што суштински го мразат западот. Истото тоа, на Косово го сакаат и Србите, продадените Албанци и мафијаши. Никој никаде не сака зближување на Албанците со Америка или Европа, бидејќи тоа би ги пореметило плановите на понекои политичари, мафијаши и бизнисмени кои се занимаваат со организиран криминал.,,

На прашањето дали кај Албанците има позитвни тенденции, Кадаре рече :

,,Да , Албанците ги китат два прекрасни амблеми кои докажуваат дека тие не се само такви какви што честопати ги претставуваат. Тоа се Мајка Тереза и Скендербег. Албанците мораат својот хуманзам да и го спротивстват на пропагандата , дека наводно, се див народ. Поради тоа наше е да се држиме до доброто и вистината. Таквото делување е важно и за новиот систем на вредностите на Балканот. Треба да се покаже дека е можно пријателство меѓу балканските народи. Веќе стана модерно кога станува збор за рацсепување на народите да се споменуваат Балканците. Мора да се противиме на тоа. Мораме да работиме на промена на таквиот имиџ. И на тоа теба да работиме заедно. Па сепак сите сме во иста куќа, на балканскот полуостров.”