Исламски екстремисти зад атентатите во Индија
26 август 2007Реклама
Исламски екстремисти од Бангладеш најверојатно стојат за вчерашните терористички напади во Индија, објавија денеска властите. Последните податоци велат дека 42 лица загинаа, а над 50 се ранети во двете експлозии што се случија последователно во инртевал од десет минути во индискиот град Хајдерабад. Полицијата во градот пронајде уште десетина неексплодирани бомби оставени во пластични кеси на автобуски станици, пред кино сали, на улици и пешачки мостови.