1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исламистите го нападнаа Гао

ЕМФ/дв11 февруари 2013

Исламистичките бунтовници го напaднаа најголемиот град во северниот дел на Мали - Гао, и со часови водеа тешки борби со малиските војници. Во борбите подоцна се вклучила француската армија со хеликоптери.

https://p.dw.com/p/17boX
Фотографија: Getty Images

Бунтовниците од Движењето за единство и џихад во Западна Африка (МУЈАО) тргнале со чамци во центарот на градот кој лежи на реката Нигер. Оттаму се распрснале по целиот град. Од вчеравечер (10.02), како што јавуват агенциите, центарот на Гао е повторно под контрола на малиските безбедносни сили. Бунтовниците на МУЈАО ја презедоа и одговорноста за самоубиствениот напад врз контролен пункт на малиските трупи, во кој неколку часа пред нападот на Гао беше повреден еден војник. Според портпаролот на МУЈАО, Абу Валид Сахрауи, борбите ќе продолжат се‘ додека не биде извојувана победа. Исламистите со месеци имаа контрола врз Гао, кој брои 90.000 жители, се‘ додека на крајот на јануари не беа принудени да се повлечат поради напредувањето на француските војници.

Француските сили заедно со малиските трупи во текот на изминатите недели се‘ повеќе ги притискаат исламистичките бунтовници кои се повлекуваат на север. Според медиумски извештаи, неколкуте илјади бунтовници, меѓу кои, како што се проценува има и многу исламисти од странство, се повлечени во планинскиот предел на северот од земјата за да се прегрупираат наново.