1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирските законодавци го изгласаа правото на абортус

М.Таневскка/ап,ртр,афп12 јули 2013

Ирскиот парламент изгласа историска одлука да се дозволи абортус под одредени услови. Поттикнати од смртта на бремена жена минатата година, овој потег следи по долгите месеци на вжештена дебата

https://p.dw.com/p/196gS
Фотографија: dapd

Законодавците гласаа со убедливо мнозинство (12.07.2013) за легализација на абортусот во случаи каде лекарите веруваат дека е доведен во прашање животот на жената поради бременоста. По маратонската седница, законодавците го одобрија гласањето со 127 гласа за и 31 против. Повеќе активисти за право на абортус собрани пред парламентот го поздравија усвојувањето на законот, додека поголем број поборници против абортусот ги поздравуваа членовите на парламентот, кои гласаа против, додека изглегува од зградата.

Законодавците ја започнаа долгата дебата за мерката во средата наутро за време на седница која траеше до 5 часот наутро во четвртокот. Потоа ја прекинаа седницата за да одат на спиење и продоложија подоцна во текот на денот на втора седница која траеше после полноќ.

Поради мнозинството на премиерот Енда Кени во парламентот, се очекуваше да помине Мерката за заштита на животот за време на бременост. Но, пет членови на конзервативната партија на Кени се спротивставија на законот, истакнувајќи ја поделеноста кон прашањето. Сите пет членови беа исклучени од парламентарната група на партијата и им беше забрането повторно да се кандидираат како членови на конзервативната партија.

Долгогодишниот сојузник на Кени, Лусинда Крејтон, откако се навестуваше како потенцијален лидер на партијата, беше една од членовите на партијата која одби да гласа за законот. Таа веднаш даде оставка од своето место како европски министер.

„Кога се работи за нешто што се сведува на живот или смрт, мислам дека не може да се направи компромис“, вели Крејтон во коментарите на телевизија.

Irland Abtreibungsgegner vor dem Parlament in Dublin
Фотографија: Reuters

Контроверзно прашање

Актвистите кои се против абортусот беа особено вознемирени за една од мерките на законот која дозволува абортус ако комисија од тројца лекари се согласат дека жената ќе изврши самоубиство ако не се прекине бременоста.

Нацрт на законот беше подготвен откако на една жена која имала пометнување, и беше одбиен абортус минатата година и подоцна почина од труење на крвта. Нејзината смрт повторно ја отвори дебатата долга две декади во Ирска за нацрт законот, во согласност со Врховниот суд од 1992, кој одлучи дека треба да биде легален абортусот за да се спаси живот, вклучувајќи и да се спречи самоубиство, во претежно католичката земја.

Во неделата која водеше кон гласање, 35 илјади активисти против абортусот маршираа во Даблин. Кени кажа дека добил осквернавени пластични фетуси и букви напишани со крв, додека противниците на законот го одбележаа како убиец и неговата приватна резиденција беше опколена од демонстранти со маски од костур.

Irlands Premierminister Enda Kenny
Ирскиот премиер Енда КениФотографија: Reuters

Следбениците на законот, пак, во меѓувреме дискутираа за тоа дека законот не опфаќа се', затоа што забранува абортус во случај на абнормалности на плодот или во случаи на инцест или силување.

Статистиката објавена во четвртокот покажа дека речиси 4.000 жени од Ирска оделе во Англија или Велс за да абортираат. Неколку стотици повеќе извршиле абортус дома користејќи апчиња за пометнување порачани преку интернет.