1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран суспендира дел од соработката со МААЕ

26 март 2007
https://p.dw.com/p/AgKU

Како реакција на новата поостра резолуција во СБ, Иран денеска суспендираше поголем дел од соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија. Официјален Техеран објави дека забраната ќе биде повлечена, кога СБ ќе им ја врати во надлежност на Атомската агенција, иранската атомска програма. Претседателот Махмуд Ахмадинеџад изјави дека нелегитимните санкции нема да ја запрат атомската програма во неговата земја.