1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран попушта во атомскиот спор?

23 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Aze9

Иран е подготвен на отстапки во спорот околу неговата атомска програма. Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Мохамед Ел Барадеи по сребата со иранскиот преговарач Али Лариџани во Виена соопшти дека двајцата постигнале согласност за дефинирање на план за надминување на конфликтот. Кон тоа припаѓа и оббновувањето на т.н шестпартитни преговори со петте постојани членки на Советот за безбедност и Германија. Натамошни поединости околу планот би требало да бидат познати по денешната средба на Ларицани со специјалниот координатор на надворешната и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана.