Опстојување на заканите
30 декември 2011Според изјавите на високи воени лица во Иран ракетниот тест треба да биде изведен во сабота наутро.
„ Иранската морнарица утре ќе истрела неколку ракети со голем дострел во Персискиот Залив, изјави заменик-командантот на морнарицата“, адмирал Махмуд Мусави.
Дел од големите воени вежби
Употребата на ракетите се дел од големите маневри што почнаа минатиот викенд, и чија цел е е подготвување на иранската морнарица за евентуална војна.
Претходно владата во Техерен повтори дека ќе го блокира Ормускиот теснец, и покрај предупредувањата од Вашингтон. САД од своја страна повторно соопштија дека нема да толерираат затворање на теснецот.
Ормускиот мореуз се наоѓа меѓу Арапскиот полуостров и Иран. Низ теснецот широк 50 километри и долг околу 200 километри минуваат големи количества нафта. Се претпоставува дека низ него минува 40 проценти од светската нафта и затворање на мореузот би имало големо влијание врз светската економија.
Автор:АТ/СН/дв/афп/миа
Редактор: Борис Георгиевски