1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран не се откажува

20 февруари 2007

Според проценката на Меѓународната агенција за атомска енергија, во наредните шест до 12 месеци Иран би можел да збогатува ураниум во голем обем. Меѓутоа, за изградба на атомска бомба на земјата ќе и требаат најмалку уште пет години, изјави шефот на агенцијата Мохамед Ел Барадеи. Истовремено тој нагласи дека спорот со Иран не може да се реши само со санкции.

https://p.dw.com/p/AdtA
Али Лариџани, главен ирански преговарач во атомскиот спор
Али Лариџани, главен ирански преговарач во атомскиот спорФотографија: AP

Денеска Барадеи во Виена ќе има средба со иранскиот преговарач Али Лариџани. Утре ИАЕА до Советот за безбедност ќе достави извештај за состојбата со збогатувањето ураниум. Истовремено ќе биде решено и дали санциите против Техеран донесени во декември, ќе продолжат или дури ќе бидат проширени.

Два дена пред истекот на ултиматумот на Обедиентите нации, Техеран очигледно се напрега да ги ограничи штетите. Од тие причини иранскиот преговарач Али лариџани вчера допатува во Виена каде што денеска ќе има разговори со Мохамед ел Барадеи, шефот на Меѓународната агнција. Додека Лариџани кој треба да се сретне и со шефот ан дипломатијата на Европската унија Хавиер Солана, покажува неограничена готовност за преговори на неговата земја, политичката класа во Техеран во изминатите денови постојано ја подвлекуваше неоходноста за сопствена атомска програма. Така, за време на викендот, духовниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи уште еднаш потврди дека сегашните резреви од нафта и гас не се неограничени, и затоа атомската енергија е, како што рече, иднината и судбината на земјата:

„Тие сакаат иранскиот народ да не поседува ваква техологија, што значи да остане зависноснта, односно заостанувањето. Сосема е јасно меѓутоа, дека иранскиот народ тоа не може да го прифати„.

На тој начин теологот го повтори она што пред една недела го најави претседателот на државата Махмут Ахмадинеџад, само поексплицитно:

„Целиот свет знае дека Иран работи врз основа на неотуѓивото право и во рамките на правилата на ИАЕА. И токму врз тоа право нам ни припаѓа поседувањето на таквиот производен цикулус„.

Де факто, во Иран од усвојувањето на резолуцијата 1737 еден ден пред Божик, ништо не се промени. Техеран и натаму ја подвлекува готовноста за преговори, но истовремено подвлекува дека тите треба да се водат без предуслови. Со други зборови, Иран не е подготвен да се откаже од својата атомска програма, како што бара спомнатата резолуција. Според тоа, најдоцна во четврток ќе стапат на сила санкциите, што укажува на курс на конфронтација.