1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

061210 Iran Atomgespräche

6 декември 2010

Во Женева денеска (06.12.2010) започнаа разговарите за спорната за иранската атомска програма. Првиот дипломат на ЕУ Кетрин Ештон раководи со преговорите, во кои Иран го застапува преговарачот Саид Џалили.

https://p.dw.com/p/QQj0
Фотографија: ISNA^

„Се‘ зависи од однесувањето на другата страна“ изјави иранскиот преговарач Саид Џалили денеска во Женева и со тоа покажа дека Иран нема намера да попушти. Петте земји со право на вето во Советот за безбедност и Германија, имаат намера преку преговорите да обезбедат Иран да не ја користи својата нукеларна програма за производство на атомско оружје.

Atomunterhändler Said Dschalil Genf
Иранскиот преговарач Саид ЏалилиФотографија: picture-alliance/dpa

Полирање на имиџот

Најновите сигнали од Техеран, во пресрет на дводневната средба во Женева, меѓутоа, не оставија многу простор за оптимизам - обвинувањата за шпионажа на сметка на Меѓународната агенција за атомска енергија и обвинувањата за тероризам на сметка на западните тајни служби не создаваат конструктивна клима за преговори. Затоа е и чудно што иранската влада воопшто испрати делегација во Женева. Мохамад-Реза Џалили, професор на Институтот за меѓународни студии во Женева, кој инаку не е во роднинска врска со иранскиот преговарач, ги објаснува можните причини за иранските власти, сепак, да се одлучат за преговори:

„Тие доаѓаат поради повеќе причини. Тоа, во прв ред, е изолацијата на меѓународна сцена против која сакаат да дејствуваат превентивно, а се обидуваат и малку да си го полираат имиџот. Сакаат да покажат дека се способни да ја одржат врската со останатите држави и дека не се изолираат.“

Iran Atom Anschlag Atomenergie Wissenschaftler
Иран ги обвини ЦИА и Мосад за убиството на врниот научник во ТехеранФотографија: AP

Да се добие во време

Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон, за време на викендот, апелираше до Иран да биде конструктивен во Женева, но Иран не покажува вистинска подготвеност за преговори. Техеран повтори дека неговата нуклеарна програма не е предмет на дебата. Но, Иран не може и сосема да ја избегне желбата на Американците за разговори. Имено, од последната средба во Женева, се поместија неколку фактори кои не одат во негова полза, објаснува професор Џалили:

„Тоа, прво, е единството меѓу петте постојани членки на Советот за безбедност, какво што во октомври 2009 година не постоеше. Второ, сакнциите против Иран, кои во меѓувреме ги чувствува не само иранската економија, туку целото општество. И трето, доверливи информации укажуваат на тоа дека Иран има големи технички проблеми со својата атомска програма во последните месеци.“

Според проценката на набљудувачите, Иран како и досега ќе ги искористи женевските разговори за да добие на време - време за облагородување ураниум дома и истовремено, да се избегнат нови санкции од страна на ОН, ЕУ и САД.

Автор: Клаудија Вите/ Елизабета Милошевска Фидановска

Редактор: Симе Недевски