1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран главна тема на конференцијата во Виена

12 јуни 2007

Како да се надминат конфронтациите со Техеран околу спорната атомска програма. Овој прашање, повторно на дневен ред го има Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена.

https://p.dw.com/p/Aw08

Шефот на агенцијата за атомска енергија, Мохамед ел Барадеј е “загрижен од пат ситуација во преговорите и растечките конфронтации” со Иран. Барадеј во говорот пред гувернерскиот совет на меѓународните атомски власти нагласи дека “Иран, иако до сега нема произведено нуклеарен материјал, земјата постојано гради и ги унапредува постројките за збогатување ураниум, додека истовремено тврди дека нејзината атомска програма е само за цивилни цели”. Техеран им ја отежнува и работата на меѓународните инспектори, тврди Барадеј. И покрај барањата и резолуциите од ОН, Иран одбива да ја прекине спорната атомска програма, а според проценките на Барадеј, нивната технологија е толку напредната што теоретски земјата може наскоро да произведе и атомска бомба. Додуша тоа Техеран постојано го демантира. Засега сите преговори со Иран се замрзнати. Во Виена се прават напори за приближување на ставовите, а веќе следната недела е можна нова средба меѓу претставникот на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Хавиер Солана и главниот ирански преговарач, Али Лариџани. Сепак, европските дипломати во Виена велат дека не треба да се очекува голем пробив во разговорите. И Германија се вклучи во потрагата по решение за проблемот. Берлин во Виена поднесе предлог. Мелиса Флеминг од меѓународната агенција за атомска енергија потврди дека тој ќе се разгледа на конференцијата:

“Во предлогот се работи за тоа, да се спречи секоја земја поединечно да употребува ваква технологија. Секој може да има атомска централа, но не смее да поседува фабрика за ураниум. Имаме различни предлози од различни земји. Сите ќе ги анализираме и ќе видиме што ќе излезе на крајот, во завршниот извештај”.

И претходно имаше слични предлози, како на пример да се направи една светска банка на ураниум, од која земјите како Иран ќе може да добиваат доволно суровини само за атомските централи. По првичната согласност, предлогот на крај не ја доби потребната поддршка.

“Пат ситуацијата во конфронтацијата со Иран се потешко ќе се решава и колку побзо ќе се постигне некакво приближување на ставовите ќе биде подобро”, вели во своето обраќање на конференцијата во Виена, шефот на меѓународните атомски власти, Мохамед Ел Барадеј. Конференцијата ќе трае до крајот на неделава.