Иран ги отфрла барањата за разговори околу нуклеарната програма
9 април 2012Пред планираните меѓународни преговори околу иранската атомска програма, закажани за сабота, 14. април, фронтовите остануваат цврсти. Раководството во Техеран ги отрфла барањата за затворање на постројката Фордо и за запирање на облагородувањето ураниум.
Ваквите барања немаат смисол, изјави директорот на иранските атомски власти Ферејдун Абази за агенцијата Исна.
Весникот „Њујорк Тајмс“ во саботата (07.04), повикувајќи се на европски и американски дипломатски извори, напиша дека Западот има намера на Техеран да му постави цврсти услови, меѓу кои е затворање на постројката Фордо и запирање на облагородувањето ураниум на 20 проценти. Ваквата позиција одговара на ставот на Израел. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак вчера (08.04) постави слични барања.
Новата рунда разговори меѓу Иран и петте земји со право на вето во ОН - САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија, како и Германија, треба да се одржи во Истанбул.