Иран – апсење британски војници
24 март 2007Реклама
Нова дипломатска криза меѓу Иран и Велика Британија, предизвикана од апсењето на 15-мина британски војници во Персискиот залив. Лондон бара ослободување на војници, кои од страна на техеран се обвинети дека навлегле недозволено во ирански територијални води. Инцидентот се случил по една рутинска контрола на трговски брод на север од Персискиот залив. Таму границата меѓу Ирак и Иран важи како спорна.