„Иранци ве сакаме -нема да ве бомбардираме“
28 март 2012Пораката е необична: „Иранци- ние не сакаме да ве бомбардираме. Ние ве сакаме“. Израелскиот графички дизајнер Рони Едри креираше сопствена интернет кампања. Во време кога “ѕвечкањето со сабји“ стана речиси нормално, тој сака да даде јасен сигнал:
„Многу е стресно да се биде во постојан страв од заканата од војна. Во Израел секои десет години имаме војна. Секои десет години. И наредната доаѓа. Кога се имаат деца, а јас сум татко, не сакате повторно војна. И на другата страна сакам да и’ кажам: Овде ќе ме испратат повторно во војна а јас само сакам да кажам: Луѓе, ве сакам , иако можеби звучи наивно“, вели Рони Едри.
Висок одзив и од Иран
Големиот број кликови ги изненадија Рони и неговата сопруга Михал. Во меѓувреме на страницата има преку 30 илјади коментари, многу од нив од Иран. И тоа иако за иранските интернет корисници може да биде многу опасно да стапуваат во контакт со Израелци.
„Она што се случи откако го направивме тоа е дека луѓето едноставно го отвроија срцето. И одеднаш луѓето од двете страни разговараат меѓусебе. Тоа е веќе моќно“ , вели Михал Тамир, коавторка на интернет кампањата.
Според последните анкети , повеќето Израелци не сакаат еднострана воена акција против Иран. Кампањата на Едри и Тамир тука добро проаѓа.
„Тоа е единствено нешто во целиот свет. Го има ли тоа некаде? И пред се’ тоа дека Иранците одговараат!“, вели една Израелка.
„Ситуацијата постојано се менува. Но пораката е дека треба да се почитуваме едни со други а тоа со сигурност е добро“, вели друг симпатизер на кампањата.
Да се најде друг начин за справување со Ахмадинеџад
Нејзините креатори сакаат да ја протресат и сопствената влада. Таа досега ги игнорира.
„Се надевам дека толку ќе пораснеме, за да мораат да не забележат. Конечно ние ги избравме за добро да работат. Па можеби ќе ја разберат нашата идеа, дека не ја сакаме оваа војна. Потоа можеби ќе најдат друг начин за да се справат со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, а не веднаш да ги бомбардираме“, вели Рони Едри, авторот на мировната кампања на интернет.
На човечко рамниште, самата помисла на војна им е непозната. А со нивната акција планираат во секој случај да продолжат.