1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

--

4 јануари 2012

Новата година на пазарот на сурова нафта започна онака како што заврши претходната: цената на нафтата расте и тоа засилено. Причина - заканите од Персискиот залив ги плашат трговците со нафта.

https://p.dw.com/p/13deR
Фотографија: Irna

Иран повторно ѕвечка со оружје. Поради растечкиот спор околу атомската програма, режимот од Техеран се заканува со блокада на Ормускиот теснец.

Преку овој поморски пат танкерите транспортираат голем дел од сурoвата нафта за светот.

Доколку Иран ги оствари заканите, цената на нафтата многу би пораснала.

Уште минатата година цената на суровата нафта до почетокот на мај достигна до 126 американски долари по барел. Во септември цената падна на околу 103 долари по барел.

Од почетокот на годинава, цената на „црното злато“ повторно е во пораст, во меѓувреме-околу 110 американски долари по барел.

Извесен период западните индустриски држави можеа преку резервите да ги покриваат тесните грла во снабдувањето. Но, резервите се ограничени. Затоа, земјите-увознички на нафта се надеваат дека Иран ќе остане само на заканите.

Прилогот можете да го погледнете и како Видео на денот!

Автор: Алекса Мајер/ Ж.Ацеска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска