Ирак – расте бројот на загинатите од вчерашниот напад
8 јули 2007Реклама
Бројот жртви на вчерашниот тежок самоубиствен напад на северот на Ирак се зголеми на најмалку 130 лица, а повеќе од 20 се водат како исчезнати. Покрај тоа, има и повеќе од 250 ранети. Атентаторот се крена во воздух со товарно возило среде пазар во местото Тус Хурмато. Од експлозијата се разорени многубројни куќи и продавници.
Во две нови експлозии на автомобили-бомби во ирачкиот главен град Багдад се убиени најмалку осум лица.