Ирак по најкрвавиот ден од почетокот на војната наваму
24 ноември 2006Во Багдад е воведе неограничен полициски час . а премиерот Нури Ал Малики соопшти дека е затвиорен и меѓународниот аеродром во Багдад. Вчера во кварт Садр Сити во Багдад загинаа 160 лица а уште 250 беа повредени ,откако во кратко временско растојание експлодираа шест бомби . Ирачката полиција истакна дека станува збор за најкрвавиот напад од почетокот на ирачката војна пред три и пол години.
По експлозијата на бомбите во густо населениот шиитски кварт Садр Сити во кој живеат два милиони лица, минофрлачки гранати беа истрелани и врз сунитскиот кварт Адхамија . Во овие напади според министерството за внатрешни работи биле повредениу десет лица . Во Садр сити пак некои од бомбите експлодираа на добро посетените пазари во квартот. Шиитскиот кварт кој е упориште на радикалниот верски лидер Муктада Ел Садр и на неговата милиција постојано е напаѓан пред се од страна на сунитските екстремисти.
Покрај премиерот Нури Ал малики , кој е Шиит и претседателот на Ирак, курдот Џалал Талабани како и неговиот заменик сунитот Тарик Ал Хашеми го повикаа населението на претпазливост . највлијателниот шиитски верски лидер Ајатолахот Али Ал Систани објави сличен апел.
Инаку во текот на вчерашниот ден непознати вооружени лица ја нападнаа и зградата на министерството за здравство во Багдад . Притоа доде до вооружена пресметка меѓу безбедносните сили и напаѓачите . Нема извештаи за загинати и повредени во овој инцидент . Претставник на министерството исткајја дека бунтовниците најверојатно ја нападнале зградата за да пробијат пат меѓу два кварта во градот , кои се главно населени со Шиити. Министерството за здравство е раководено од Али Ал Шумари , кој му припаѓа на двуижењето на Муктада ел Сарда .
Министерствата и претставници на властите во Ирак се честа цел на напади . На почетокот на минатат недела вооружени лица изведоа спектакуларно масовнно киднапирање на повеќе од 100 вработени во Институтот за култура , кој е дел од министесрството за високо образовани . Од тогаш наваму се ослободени 70 заложници а останатите нема никаква трага.