1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак наскоро ќе биде нова светска „нафтена сила“?

Себастијан Хесе/ Жана Ацеска14 октомври 2012

Со месеци трае веќе нафтеното ембарго на ЕУ кон Иран. Недостигот од иранската нафта на пазарот го покрива Саудиска Арабија. Но, според новите извештаи, на пазарот се јавува и новата „нафтена сила“-Ирак.

https://p.dw.com/p/16Pms
Фотографија: AP

Помина скоро една деценија откако во Багдад и другите ирачки градови беа срушени статутите на претседатлот Садам Хусеин. Оттогаш трае и макотрпната демократизација и обновата на Ирак која е речиси обратнопропорционална на богатството суровини кои се кријат под површината на оваа земја. Марија ван дер Хевен, директорка на Меѓународната агенција за енергија, ИЕА, се прашува:

„Суровините се тука. Сите знаат дека се тука. Колку време ќе му треба да Ирак да започне со експлоатација?“

Наскоро второ место на скалата производители на нафта?

Меѓународната агенција за енергија пресметала дека лесно би можело да биде зголемено сегашното производство на нафта од 3 милиони барели дневно. Реална е проценката дека до крајот на 2020. година црпењето нафта би можело да достигне двојно поголем обем, а до 2035. година е реално да се очекува дневно производство од 8 милиони барели нафта дневно. Тогаш Ирак би можел да ја потисне Русија од втората позиција на најголемите светски производители на нафта. Прва и натаму е Саудиска Арабија. Сепак, за да се постигне тоа, државата на реките Тигар и Еуфрат мора да совлада уште некои пречки.

Öl Irak
Нафтено наоѓалиште кај градот АмараФотографија: Getty Images

„Мислам дека е нужна стабилизација на политичката ситуација во земјата и решавање на внатрешните проблеми“. Тоа е најважната работа за Ирак“, тврди Ван дер Хевен.

Притоа таа не мисли само на безбедносната ситуација во Ирак, која влијае врз потенцијалните инвеститори, туку и на вестите кои се повод за загриженост. Ирак, имено, и покрај меѓународните санкции, продолжува да го снабдува со нафта режимот во Сирија. Колку е поголемо богатството што Багдад го стекнува од продажбата на нафта и плин, толку поголемо е и неговото влијание во регионот. ИЕА затоа смета дека Ирак би можел да стане една од највлијателните држави на Блискиот Исток.

Фатих Бирол од ИЕА сепак предупредува од претерано мешање на меѓународната заедница во внатрешните работи на Ирак. Заедницата и така е битен фактор во Ирак, но земјата мора да биде во состојба сама да управува со своите работи, што и успева, вели Бирол:

„Изминатите две години производството на нафта е зголемено за 800 илјади барели дневно, што е крупна работа. Очекуваме продолжување на овој тренд“.

Öl Irak
Танкери со нафта во курдскиот регион на ИракФотографија: Reuters

Сепак, без трансфер на модерни технологии и знаење од странство, тешко ќе биде напредување. А напредокот не е во интерес само на Ирачаните и нивните соседи, туку и на странските компании кои сакаат ангажман во оваа земја. На Ирак му се потребни постојани и стабилни приходи, предупредува Марија ван дер Хевен:

„Мислиме дека е важно Ирак своите приходи да ги користи не само за доброто на меѓународната заедница, туку и во функција на воспоставување разноврсно стопанство во државата“.

Таа во прв ред мисли на создавање на мрежа на електродистрибуција. Ирак сигурно ќе располага со парите потребни за таа цел. Агенцијата ИЕА предвидува дека до 2025. година Ирак од продажбата на нафта и земен гас ќе заработи 300 милијарди долари.