1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак-Започнува нов судски процес против поранешни соработници на Садам Хусеин

21 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BWMD
Пред специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадници на поранешниот ирачки режим денеска започнува третиот процес . На обвинителната клупа се наоѓаат 13 поранешни политичари и офицери во армијата , кои во 1991-ва година му помогнале на тогашниот претседател Садам Хусеин , со насилство врз илјадници цивили да задуши востание во неговата земја . Садам Хусеин кој е главно обвинет за овој случај беше осуден на смртна казна поради друг случај на злостроства врз цивилното население во Ирак за време на неговото владеење. Казната беше извршена на крајот од минатата година.