1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ирак – заложници - видео порака

17 март 2007
https://p.dw.com/p/AgNZ

Најблиските на двајцата грабнати германски граѓани во Ирак упатија видео порака до киднаперите со молба да ги пуштат на слобода Ханелоре Краузе и нејзиниот син. Во пораката зборува сопругот на Краузе, професорот Мохамед ал Торнахи и неговата снаа, сопругата на синот. Тие ги молат грабнувачите да се однесуваат со почит и достоинство кон заложниците и молат за милост во име на Алах:

“Во име на Алах, милостивиот им се обраќаме на луѓето од Бригадите стрели на вистината.“

Професорот Торнахи нагласува дека исламот е религија на мирот и милостивоста. Неодамна до киднаперите со видео порака се обрати и германскиот претседател Хорст Келер.