Ирак – договор
27 август 2007Реклама
Врвните политичари на Шиитите, Сунитите и Курдите во Ирак постигнаа договор околу идните чекори кои треба да водат кон помирување. Договорот потпишан во Багдад предвидува одржување избори во провинциите, а освен тоа треба да бидат ослободени од затвор и сите лица кои се затворени без подигнато обвинение. Договорот предвидува и олабавување на ограничувањата за поранешните членови на партијата на екс-диктаторот Садам Хусеин при нивното кандидирање за функции во државниот апарат. САД го поздравија договорот, но нагласија дека е потребно да се направи уште многу.